mksqen

Водостоите на реките под просекот за април

Водостоите на реките под просекот за април

Типографија

Водостоите на реките во Македонија се под просекот за април, а нивото на Охридското Езеро е за 18 сантиметри над дозволениот минимум,покажува неделната хидролошка состојба.

Според мерењата на УХМР, потпросечни се нивоата на Вардар кај Скопје, Велес, Јегуновце и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Штип и на Струмица кај Сушево.

Драстично пониски од просекот се водостоите на Пчиња кај Катлановска Бања и на Црна кај Новаци.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија