mksqen

Водостопанство Брегалница ќе ги расчистува каналите и вадите за новата наводнителна сезона

Водостопанство Брегалница ќе ги расчистува каналите и вадите за новата наводнителна сезона

Типографија

Водостопанство на Македонија, Подружница „Брегалница“ од Кочани  привршува со активностите за чистење на земјените канали и води во атарот на Кочанско поле,  преку кои водата се дистрибуира до полињата со цел да се обезбеди квалитетна наводнителна сезона, согласно планот за навднување во 2017 година.

  • За  годинава  планиравме да  исчистиме над 100 километри  каналска мрежа од кои 50 километри канали за наводнување во атарите на неколку полиња во Кочанско. Прв пат после толку години од работењето на Водостопанство „Брегалница“  почна со чистењето и подготовката на каналската мрежа во февруари. Ова значи дека оваа наводнителна сезона ке биде доста успешна. Досега се исчистени 115 километри каналска мрежа од Истибање Виничко па се до село Крупиште Штипско, односно атарот што го опфаќа левиот магистрален канал од хидросистемот Брегалница - изјави Николчо Гоцев директор на кочанскато водостопанско претпријатие.

Почетокот на наводнителната сезона, истакнува Гоцев, е закажан за 15 април, до кога се очекува основната и деталната каналска мрежа да бидат целосно ставени во функција. Временските прилики, вели тој, засега се во полза на подготовките.

Според планот за сеидба годинава под ориз ќе се насеат пет илјади хектари, што е за околу 700 хектари повеќе од лани. Состојбата со акумулираните количества вода е оптимална за овој период од годината, а се очекува дека до почетокот на наводителната сезона, вештачките езера Калиманци, Ратево и Градче ќе бидат со максимален капацитет на акомулирана вода за престојната сеидба во Виничко, Кочанско, Штипско и Свети Николско.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија