mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Гевгелија замена на старите водомери со нови, дигитални

Во Гевгелија замена на старите водомери со нови, дигитални

Типографија

Во Гевгелија се заменети 2.724 стари со нови дигитални водомери кои овозможуваат далечинско отчитување на потрошената вода и големо намалување на загубата.


Ова се првите резултати од проектот што се реализира во општина Гевгелија во соработка со Министерството за транспорт и врски и германската КФВ банка за обнова и развој.

  • Проектот за намалување на загубата на вода за пиење ќе продолжи да се спроведува континуирано додека не бидат заменети сите стари со нови дигитални водомери, односно до моментот кога ќе обезбедиме услови за полесно стопанисување и контрола над потрошувачката и загубата на водата за пиење - рече директорката на ЈП „Комуналец“ Убавка Вегова.

Вегова потврди дека деновиве почнала и акцијата за замена на водомерите во колективните станбени објекти каде што екипите на „Комуналец“ ќе инсталираат 1.300 вертикални дигитални водомери.

За реализација на проектот, КФВ банка на Општина Гевгелија и додели кредит од 543.860 евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија