mksqen

Во Крива Паланка засадени 4.000 цвеќиња

Во Крива Паланка засадени 4.000 цвеќиња

Типографија

Над 4.000 цвеќиња, љубичици и јаглики се засадени од вработените од секторот Паркови и зеленило при Јавното претпријатие „Комуналец" од Крива Паланка.

Цвеќињата се засадени на јавните градски површини и на канделабрите долж главната улица „Свети Јоаким Осоговски“.

  • Со затоплувањето на времето отпочна и засадување цвеќе на јавните површини. Над 4.000 цвеќиња веќе ги разубавуваат градскиот парк, локациите пред јавните институции, мини-парковите во централното градско подрачје, влезот и излезот на општина Крива Паланка. Јаглики и љубичици посадивме и во вкупно 130 саксии поставени на канделабрите во градот - информира раководителот на Паркови и зеленило при ЈП „Комуналец“, Драги Пејчиновски.

Рече дека во моментот се врши уредување на делот покрај пешачката т.н. „Пазарска патека“ на левиот брег од Крива река.

  • Извршивме прихранување на сите зелени површини во градот, во кејот од левата страна на минор коритото канделабри се веќе поставени, во претстојниот период ќе работиме на поставување клупи, засевање трева и цвеќе. Исто така периодов ќе се изврши и пролетно закројување на дрвцата, сите зимзелени дрвца и трендафили - истакна Пејчиновски.

Инаку, во оранжериите на ЈП „Комуналец" се одгледуваат околу 20.000 корени цвеќе, кои се засадуваат во различен временски период поради различен турнус на цветање и различна старост на растенијата. Истите во текот на годината се засадуваат на сите јавни површини во градот и ги разубавуваат парковите.

  • Паралелно со останатите активности секторот Паркови и зеленило тековно работи на уредување на новата украсна река во градскито парк која ќе истекува од постојната автентична фонтана, ќе минува низ дел од паркот , украсена со импровизирани мостови, а ќе се слева во вид на водопад во кејот на Крива река - дополни Пејчиновски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија