mksqen

Во Делчево за две недели 15 пожари од запалени стрништа

Во Делчево за две недели 15 пожари од запалени стрништа

Типографија

Изминатите две недели на петанесетина пожари од запалени стрништа интервенирала делчевската Територијална противпожарна единица.

Командирот на ТППЕ Делчево Јонче Атанасовски, рече дека земјоделците сакајќи да ја исчистат сувата трева од нивите или меѓите, палат оган кој им бега од контрола по што предизвикуваат штети на околните шуми, или ниви од соседите.

  • Секој втор ден горат стрништа кои предизвикуваат пожари со ненадоместливи штети во Делчевско. Само пред неколку дена, на подрачјето меѓу селата Вирче и Град, запалено стрниште зафатила површина од 10 хектари при што изгореа два насади со сливи, нискостеблеста и борова шума - истакна Атанасовски.

Имајќи предвид дека сезоната за чистење на нивите со затоплувањето на времето ќе добие на интензитет, од Дирекцијата за заштита и спасување ги известуваат земјоделците да внимаваат при оваа пролетна активност на нивите.

  • Се известуваат граѓаните при приготвување на земјоделските површини за пролетна сеидба, како и за чистење на стрништа, меѓи, овоштарници и други површини да внимаваат и тоа да го прават на начинкако не би предизвикале пожар или експлозии. Во спортивно согласно со Законот за заштита и спасување за прекршителите следува глоба во износ од илјада евра - истакна Влатко Ристов од ДЗС.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија