mksqen

Од денес дожд и пониска температура

Од денес дожд и пониска температура

Типографија

Од денес под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 литри на метар квадратен, а локално и над 40 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, на места повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија