mksqen
17
Сре, Апр
0 Нови / 7 дена

Нема нови случаи на птичји грип во Македонија

Нема нови случаи на птичји грип во Македонија

Типографија

Нема нови жаришта и нови случаи на птичји грип во Македонија.

Како што вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски состојбата будно се следи и сите сомнителни случаи се испитуваат за да се преземат навремени мерки ако се утврди дека е потребно.

  • Можностите за појава на птичји грип се намалени зашто со зголемувањето на температурите вирусот не може да циркулира толку многу. Сепак, не е исклучена можноста за појава на болеста - истакнува директорот.

Според него, во околните држави веќе има нови случаи, во Бугарија има голем број жаришта, а жаришта се појавуваат и во Србија.

  • Се надеваме дека во Македонија нема да има нови случаи, ниту во иднина ќе имаме проблем со оваа болест - додава Поповски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија