mksqen

Се зголемува нивото на Охридското Езеро

Се зголемува нивото на Охридското Езеро

Типографија

Нивото на Охридското Езеро е за три сантиметри под дозволената минимална кота.

Дебелината на крајбрежниот мраз на Преспанското Езеро изнесува четири, а на Дојранско 1,5 сантиметри, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За разлика од сега нивото на Охридското Езеро во изминатите денови беше за четири до пет сантиметри пониско од дозволената минимална кота.

  • Темературата на водата во природните езера денес изнесуваше шест степени Целзиусови  на Охридското Езеро на мерното место во Охрид, 2,5 степени во мраз на Преспанското Езеро кај Наколец и 1,8 стпени во мраз на Дојранското Езеро на мерното место во Нов Дојран - соопштија од  УХМР.

Оттаму посочуваат дека водостојот на реката Вардар во Јегуновце, Скопје и Велес е повисок, а во Демир Капија понизок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај сите други реки кај кои се врши мерење е понизок.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија