mksqen

Проектот за еколошко новинарство промовиран во Струмица

Проектот за еколошко новинарство промовиран во Струмица

Типографија

Граѓаните на Струмица и на Југоисточниот регион имаа можност да се запознаат со проектот за развој на еколошко истражувачко новинарство што го спроведува Центарот за еколошка демократија Флорозон во соработка со здружението Сумнал, со поддршка на ЕУ.

Во гостувањето на дебатна емисија на струмичкиот телеканал А1, првиот човек на Флорозон Кирил Ристовски ги објасни целите и задачите на проектот, како и главните проекти активности.

  • Еколошкото новинарство во земјава е пред се реактивно, односно медиумите реагираат кога некој проблем ќе стане преголем, како големото загадување на воздухот, или кога ќе се случи некоја хаварија. Тогаш се истражува проблемот, се бара одговорност од институциите итн. Нашата цел е да поттикнеме проактивно истражувачко новинарство, кое што во соработка со граѓанскиот сектор и со надлежните локални и државни институции ќе ги истражува проблемите и ќе го поттикнува нивното навремено решавање - истакна Ристовски.

Во емисијата учествуваа и Ванчо Стојанов, градоначалникот на општината Василево и Ѓорѓи Димитриев, раководител на одделението за животна средина од Струмица, кои истакнаа дека животната средина е многу широка област што ги засега сите сфери на животот, поради што е неопходно да се развие граѓанската свест за да може да се поттикне решавањето на проблемите.

Екипата на Флорозон заедно со активистите на организацијата Планетум од Струмица, со која има развиено соработка, потоа директно ги запознаваа граѓаните на овој град со целите и со активностите на проектот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија