mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Адаптивни мерки - најдобра заштита на земјоделството од климатските промени

Адаптивни мерки - најдобра заштита на земјоделството од климатските промени

Типографија

Одржливо производство, правилен избор на сорти, внесување органска материја во почвата, фертиригација, се само некои од мерките за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Како што велат експертите, мерките за превенција и заштита треба да ги креираат производителите зашто тие се директно соочени со последиците од климатските промени, а примената мора да почне најпрво на локално ниво.

Најдобро, според научни истражувања, е да се користи пристапот „од долу – нагоре“ што подразбира локалните актери сами да ги осмислуваат стратегиите и да ги адаптираат активностите за заштита зашто токму тие се најблиску до проблемот, а тоа значи и најблиску до решението. 

Последните истражувања покажуваат дека наједноставните мерки даваат најдобар резултат, но независно дали станува збор за градинарство, лозарство, поледелство, овоштарство, сточарство, клучна е соработката, кооперацијата на фармерите со стручњаците и институциите. Треба да постои партнерство и интегрираност.

Климатските промени се веќе реалност и еден од најголемите предизвици со кои се соочува нашата генерација. Предизвикуваат сериозни еколошки и социјални последици. Ова мора да го земеме предвид особено, како што истакнуваат експертите, зашто во Македонија речиси половина од руралното население е економски зависно од земјоделското производство и со примена на практични адаптивни методи приходот може да се зголеми и за преку 60 отсто.

Експертите порачуваат употреба на заштитни УВ-мрежи, соодветна резидба, мулчирање, соодветни објекти за чување добиток со доволно светлина и провев,а одржливото производство е исклучително важно зашто подразбира сигурен, квалитетен, стандардизиран принос и поголем профит.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија