mksqen

Југохром најавува отпуштања ако повторно му биде изречена забрана за работа

Југохром најавува отпуштања ако повторно му биде изречена забрана за работа

Типографија

Југохром ќе почне со отпуштање на дел од вработените идниот месец ако Државниот инспекторат за животна средина повторно донесе одлука за забрана на неговото работење поради интегрираната А дозвола.

Како што вели директорот Васил Скендеровски, газдата на Југохром има јасни намери - да вложи во систем за отпрашување, но смета дека државата треба да обезбеди рамноправни услови на пазарот за сите комбинати.

  • Кога веќе бара системско решение, државата треба да обезбеди и услови за работа особено ако се земе предвид дека еколошката дозвола подразбира комплетна изградба на нови погони - истакна Скендеровски во Стопанската комора, алудирајќи на проблемот со сопственоста на земјиштето.

Според него, Инспекторатот нема ист статус кон сите расположливи производствени капацитети во Тетово и околината, а не биле издржани и обвинувањата дека Југохром е најголемата причина за загадувањето на градот.

  • Најодговорно тврдам дека загадувањето на Тетово воопшто не се намали и покрај неработењето на комбинатот - потенцира директорот.

Скендровски посочува дека за состојбата има решение. Едното од нив е државата да обезбеди банкарски гаранции и да му овозможи на Југохром да земе кредит за еколошкиот систем.

Забраната за работа на Југохром истекува утре, а беше во рок на траење од 90 дена. Директорот Скендеровски ифнормира дека изминатите три месеци успеал да ги задржи вработените, но ситуацијата веќе станува алармантна.

  • Ако во нормални услови произведувавме околу 70 илјади тони феро-никел годишно, сега бројката е сведена на 30 илјади тони или на 40 отсто помалку од расположливиот капацитет - рече Скендеровски.

Во меѓувреме, синдикатот на Југохром најави дека во знак на протест поради исклучувањето на печките, утре од 11 до 13 часот ќе го блокира автопатот Тетово-Скопје кај наплатната рампа Желино.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија