mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Водостопанството Брегалница ги собира парите за воден надоместок

Водостопанството Брегалница ги собира парите за воден надоместок

Типографија

Подружницата Брегалница на Водостопанство на Македонија наплати поголем дел од побарувањата од земјоделците за воден надоместок.

Директорот на подружницата Николчо Гоцев вели дека очекува до крајот на јануари да биде исплатен целиот долг од 58 милиони денари.

  • Завршивме со доставата на фактурите по пошта и на рака и секојдневно луѓето доаѓаат и уплаќаат воден надоместок. Оние кои што имаат проблеми доаѓаат, даваат забелешки и еве уште еден апел за сите кои што имаат проблеми со нерешени правно-имотни односи да го регулираат што побрзо и да ги расчистат проблемите. Инаку, во однос на наплата секојдневно стигнуват пари, така што јас се надевам дека до крајот на јануари ќе го наплатиме целиот долг - рече Гоцев.

Педесет и осумте милиони денари се средства кои во овој  момент му се  неопходни на претпријатието за  поправка на одделни делници од мрежата на системот за наводнување посебно од десниот магистрален канал.

Во однос на  донесениот  годишен  план за наводнување на земјоделски површини за  наводнителната сезона 2017 година до подружницата во Кочани стигнале некои ситни забелешки, вели Гоцев.

  • Во врска со планот за наводнување за 2017 сезона, кој што беше истакнат и на нашите огласни табли, очекувавме забелешки кои што беа донесени во писмена форма, беа разгледани, исто така им беше одговорено, така што веќе е официјализиран и истакнат по месните заедници - додаде  Гоцев.

Согласно донесениот план во 2017 година ќе се наводнуваат вкупно 10.000 хектари, што е за 500 хектари повеќе во споредба со 2016  година. Во планот за наводнување  доминираат житните култури на над 8.500 хектари, од кои оризот е на површина од 5.200 хектари.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија