mksqen

Крадењето ограда од хранилиште за мршојадци е опасно за луѓето

Крадењето ограда од хранилиште за мршојадци е опасно за луѓето

Типографија

Активисти за заштита на мршојадците во Македонија неодамна објавија фотографии од празничниот ручек на овие ретки птици.

Но тие исто така соопштија дека за жал повторно им недостасувале педесетина метри од оградата на хранилиштето.

  • Луѓето не сфаќаат дека со оградата ги штитиме нив од зарази, а не орлите од нив - напишаа активистите на социјалните мрежи.

Тие соопштија дека еден од крадците е фатен на фотографија, па ќе почекаат да видат дали полицијата ќе реагира или можеби тој самиот ќе одлучи да ја врати оградата и да се спаси од тужба.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија