mksqen

Од денеска студени утра со температури од минус 15 степени

Од денеска студени утра со температури од минус 15 степени

Типографија

Стабилно и суво време со утрински температури под нулата настапуваат од денеска во целата земја, а повисоките места и на планините тие ќе се спуштат и подолу од минус 15 степени.

Очекуваните температури се движеа од минус 12 во Маврово до минус 2 во Гевгеллија. Во Маврово и во Берово се очекува целиот ден температурата да не се искачи над нилата. Во Гевгелија таа ќе достигне шест степени, а во Скопје три.

За новогодишната ноќ времето ќе биде вредро и многу студено со температура околу минус 10 степени.

Дневните температури од недела ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 4 до 9 степени, во понеделник од 5 до 10, вторник од 6 до 11 и среда од 3 до 9 степени. Утринската температура во недела ќе се движи од минус 14 до минус 6, во понеделник од минус 12 до минус 5, вторник од минус 11 до минус 4 и во среда од минус 8 до 0 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија