mksqen

Водостопанство Брегалница Кочани ќе гради девет водозафати на реките од хидросистемот

Водостопанство Брегалница Кочани ќе гради девет водозафати на реките од хидросистемот

Типографија

Јавното претпријатие Водостопанство на Македонија - Подружница „Брегалница“ од Кочани планира да изгради девет водозафати на реките кои се на подрачјето што го опфаќа Хидросистемот „Брегалница“. 

Ова е дел од планот за подобрувањето  на земјоделските потенцијали, а со цел да се обезбедат потребните количини вода за наводнување на земјоделските површини во регионот. За оваа намена е распишан тендер за изработка на основен проект за инфраструктура и проект со вклучена ревизија, за кој се наменети средства од  еден милион и 800 илјади денари.

  • Овие водозафати ќе бидат лоцирани на четирите реки на територијата на Хидросистемот Брегалница и тоа на Злетовска, Кочанска, Оризарска и реката Брегалница. Овие зафати ќе претсавуваат  еден бетонски праг којшто ќе биде на располагање  за зафаќање вода и истата ќе се пренасочува за потребите  на земјоделските  површини - вели Николчо Гоцев, директор на водостопанска подружница „Брегалница“ - Кочани.

Водозафатите  е предвидено  да бидат изградени на локациите на  Злетовска Река под мостот каде поминува железничката линија, на Оризарска и Кочанска Река на вливот во Брегалница, како и уште шест зафати на самата река Брегалница кај месностите Ормански, Зрновски и Прибачевски Јаз, потоа во близина на мостовите кај Виница и Грдовци, и кај месностите Слатина, Оризарска Лака и Шакирски Јаз.

Средствата  се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија