mksqen

И во Битола се прскаат улиците со калциум магнезиум ацетат

И во Битола се прскаат улиците со калциум магнезиум ацетат

Типографија

Општина Битола почна со третирањето на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Од општина Битола информираа дека во оваа фаза се третираат најфреквентните сообраќајници во овој град, односно улиците Партизанска, Васко Карангелевски, Булевар 1 Мај, Филип Втори Македонски и Прилепска.

  • Брзината на возење по улиците каде што се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 проценти - вели градоначалникот Владимир Талевски.

Од општина Битола апелираат граѓаните да се воздржат од користење материјали за греење што не се дозволени со закон, а во овој  период општинската инспекција ќе спроведува засилени контролни активности.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија