mksqen

Во 2017 пристигнуваат City Tree инсталациите во Скопје и Тетово

Во 2017 пристигнуваат City Tree инсталациите во Скопје и Тетово

Типографија

На почетокот на идната година ќе бидат увезени City Tree инсталациите за прочистување на воздухот кои ќе се постават во Скопје и во Тетово.

Проектот City Tree го спроведува Еко- свест со подршка од Германската амбасада во Македонија.

  • Во ноември оваа година инсталациите требаше да пристигнат во Македонија. Но, поради дополнителни постапки за издавање сертификати за растителниот материјал, инсталациите ќе бидат увезени на почетокот на 2017 година - информираат од Еко- свест.

City Tree инсталацијата е иновативно решение за справување со загадувањето на воздухот од азотни оксиди, јаглерод моноксид и диоксид и ПМ10 честички (прашина). Користејќи ја апсорбирачката моќ и издржливоста на мововите во комбинација со новите технологии (соларен панел), оваа инсталација е само-одржлива. Една ваква инсталација го елиминира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и има ист ефект на апсорбирање на CO2 и разладување како 275 дрвја меѓутоа во никој случај не е замена за дрвја, додаваат од Еко- свест.

Поставувањето на овие инсталации, велат од Еко - свест, треба да ни служи како дневен потсетник за високото аерозагадување и како нашите секојдневни навики влијаат на зголемување на аерозагадувањето како и итната потреба од зголемување на дрвјата и зелените површини во градовите на републикава.

  • Искрено веруваме дека ваквите иновативни технологии се потребни во нашите градови кои се гушат во загадувањето. Сепак, истите сами по себе не се доволни за справување со овој проблем. За решавање на овој проблем е потребно големо заложување од институциите - примена на законските регулативи, реализација на акциски планови со мерки и посебна посветеност на зголемување на зеленилото во урбаните средини. И граѓаните треба да учествуваат во решавањето на овој проблем преку нивно делување со намалување на загадувањето од возилата и домаќинствата и промена на секојдневните навики и активно учество во процесите на донесување на одлуки во животната средина и урбаното планирање - нагласуваат од Еко- свест.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија