mksqen

Земјоделците да користат современи технологии, ако сакаат да бидат конкуретни

Земјоделците да користат современи технологии, ако сакаат да бидат конкуретни

Типографија

Земјоделците треба да применуваат современи технолошки решенија доколку сакаат да бидат конкуретни на пазарот.

Со примената на компјутерските техники, земјоделците ќе го оптимизираат своето производство, беше оценето на конференцијата „ИКТ во агробизнисот“.

Според министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска, на примената на информатичко-комуникациските технологии во земјоделството денес треба да се гледа како на неминовност и потреба.

  • Земјоделството како економска гранка зазема 11 проценти од БДП и тука се гледа целосниот потенцијал којшто оваа дејност може да го има во иднина. Но, неопходно е со помош на технолошките компании и добрите технолошки решенија да се оди напред - вели Арсовска - Томовска, додавајќи дека доколку земјоделците дигитилно не го трансформираат својот бизнис, нивната иднина е сосема неизвесна.

Сличен став имаат и организаторите на конференцијата - МАСИТ, Агфутура и Прокредит банката.

Директорот на „Агфутура“, Благоја Муканов вели дека земјоделците користат информатичко-комуникациски технологии, но дел од нив не се свесни за тоа. Затоа е потребна поголема информираност и насочување како да ги користат овие технологии во своето производство.

Како пример за примена на современи технолошки решенија која се применува во Србија беше посочено наводнувањето на земјоделските површини со соларни системи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија