mksqen

Во велешко Горно Јаболчиште се одржа седмата „Компиријада 2016“

Во велешко Горно Јаболчиште се одржа седмата „Компиријада 2016“

Типографија

Во организација на Општина Чашка и ООУ „Лирија“ во селото Горно Јаболчиште се одржа седмата „Компиријада 2016“.

На повеќе штандови посетителите можеа да го купат познатиот јаболчишки компир кој главно е црвен, а може да биде и жолт, како и овчо сирење, костени и уште неколку земјоделски производи од овој планиснки регион во велешко.

Целта на манифестацијата „Компиријада“ која првпат беше организирана во 2010 година е да се промовираат локалните земјоделски производители на компири, овчо сирење и костени.

  • Посетителите поблиску да ја запознаат традицијата и карактеристиките на овој прекрасен и еколошки чист регион и здрава храна  - вели Милена Андова од општина Чашка.

Селото Горно Јаболчиште кое брои над две илјади жители се наоѓа на 980 метри надморска височина под Солунска Глава. Во непосредна близина извира и реката Тополка од која со вода се снабдува Велес и околните населени места.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија