mksqen

Македонски компании учат од Германија за користење на обновливи извори на енергија

Македонски компании учат од Германија за користење на обновливи извори на енергија

Типографија

Претставници на македонски компании од градежниот сектор престојуваа во посета на Берлин каде што се информираа за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во објекти.

Посетата ја организираше Германската стопанска комора во Македонија во соработка со Министерството  за економија и енергетика на Сојузна Република Германија.

Целта на патување на 18-те претставници од македонските комапнии, е запознавање со современите технологии кои се користат при изградба на нови објекти, но пред се при санација на постоечки објекти и санација на цели станбени населби.

На делегацијата, покрај можностите кои се нудат со применувањето на користење обновливи извори на енергија во високо комплексни објекти, им  се претставени и преземените мерки  од страна на германската Влада за заштита на животната средина при изградба и санација на објектите.

Делегацијата, како што соопшти Германската стопанска комора, го посети научниот парк Адлерсхоф и Универзитетот Хумболд во Берлин. Адлерсхоф претставува еден од 15-најголеми научни паркови во светот, а воедно е и најважен центар за научен, стопански и медиумски развој на ниво на покраината Берлин- Бранденбург.

При посетата на Универзитетот Хумболд  се презентирани невообичаени проекти на еколошко градење на градови. Фокусот на овие проекти е ставен на  децентрализираното управување со дождовница, градење со позеленување на објекти како и ладење на објекти.

Според Марија Радевска од Германската стопанска комора во Македонија ова било исклучително важна посета за компаниите од Македонија, бидејќи се стекнале со нови сознанија за енергетски ефикасно градење на објекти.  Берлин е одличен пример со оглед на тоа дека половина град е изграден со станбени блокови од времето на ДДР кои со децении не биле санирани.  Сега дури 90 отсто од тие објекти се санирани со примена на енергетски ефикасно градење. Финансирањето е преземено делумно од станарите, а делумно од државата.

Делегацијата го посети и центарот  за обновливи енергии Херман Шер, како и зградата во состав на истиот која е со нулта емисијан и Паул- Вундерлих-Хаус  (Paul-Wunderlich-Haus), која во моментов е енергетски најефикасната зграда на јавната администрација во Германија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија