mksqen

Стружани снабдени со огревно дрво, „Македонски шуми“ има залихи

Стружани снабдени со огревно дрво, „Македонски шуми“ има залихи

Типографија

Стружани се снабдени со потребните количини огревно дрво, а испораката е направена пред почетокот на грејната сезона.

Според директорот на подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Струга Жарко Бебекоски на плацот на „Македонски шуми“ имало залиха од 600 метри кубни од каде заинтересираните може да купат огревно дрво.

  • Има слаба побарувачка, градот е снабден. Испораката е завршена на време сега праќаме и за Скопје, Прилеп и за други градови. Ако стружани се заинтересирани во секое време може да дојдат да си купат дрва. Моментално на плацот има залиха од 600 метри кубни - вели Бебекоски.

Цената на огревното дрво во „Македонски шуми“ е непроменета од претходните години односно метар квадратен даб е 2.453, а бука 2.371 денар.

Во однос на дрвокрадците, Бебекоски посочи дека со акцијата „Гора“ намалена е некотролираната сеча на шумите за околу 70 отсто,  но оти сеуште има и тешко е да се искорени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија