mksqen

Во Кочани се реализира проектот за третман на отпадните води

Во Кочани се реализира проектот за третман на отпадните води

Типографија

Општина Кочани засилено работи на реализација на проектот за третман на отпадните води на нејзиното подрачје.

Единицата за управување со проектот за третман на отпадните води одржа работна средба во просториите на општината, на која беа сумирани резултатите од досегашниот тек на активностите.

  • Во наредниот период консултантска куќа „Ернст Бастлер“ и „Партнер АГ“ од Швајцарија ќе врши евалуација на пристигнатите понуди за проектант и изведувач на проектот. До крајот на овој месец ќе се одлучи која компанија ќе биде избрана за изведување на проектантските, технолошките, градежните, заштитните и другите работи од проектот - вели градоначалникот Ратко Димитровски, кој е член на Единицата за управување со проектот.

Проектот за третман на отпадни води – Кочани почна да се реализира во октомври 2015 година од КЈП „Водовод“ и општина Кочани, со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија и Министерството за животна средина и просторно планирање. Проектот опфаќа изградба на пречистителна станица за отпадни води и изградба на колектор долг околу 10 километри, преку кој ќе се одведуваат отпадните води од Кочани, но и корпоративен развој на „Водовод“ и кампања за зголемување на јавната свест.

Подобрувањето на системот за отпадни води во општина Кочани ќе придонесе за здрава животна средина, безбедно земјоделско производство, заштита на природните ресурси и забразување на локалниот економски развој.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија