mksqen

Отворен ден на „Пријателите на Шара“

Отворен ден на „Пријателите на Шара“

Типографија

Платформата „Пријателите на Шара“ во рамките на отворениот ден организираше изложба на фотографии од наградниот конкурс за најубава фотографија од Шар Планина.

Покрај изложбата посетителите имаа можност поблиску да се запознаат со активностите на организациите што се дел од оваа платформа, Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово, Центарот за едукација и развој (ЦЕР) од Теарце и Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово чијашто главна цел е прогласување на дел од Шар Планина за национален парк за да се заштити биодиверзитетот и другите богатства во овој регион од државата. Главен промотор на овие активности е Македонското еколошко друштво со седиште во Скопје.

  • На отворениот ден на „Пријателите на Шара“ сакаме да ги собереме сите нејзини пријатели и наши подржувачи за прогласување на Шар Планина за националне парк, да ги прославиме сите наши успеси досега и да најавиме што ќе бидат нашите следни чекори. Најголема поддршка за прогласување на национален парк ја имаме токму од локалното население бидејќи, според нашите истражувања, над 80 отсто од нив ја подржуваат оваа иницијатива - вели  Ксенија Потилин од Македонско еколошко друштво.
    Во рамките на активностите се одбележаа два јубилеја при што Институтот за развој на заедницата одбележа 20 години од своето постоење, а Центарот за едукација и развој 10 години.

На настанот беше изложена и органска храна на производители од овој шарпланински регион.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија