mksqen

Швајцарци од плажата Љубаништа заминале со пет вреќи отпад

Швајцарци од плажата Љубаништа заминале со пет вреќи отпад

Типографија

Сопружници од Швајцарија, големи вљубеници во Охрид, од плажата Љубаништа заминаа со пет вреќи од 120 литри, полни со отпад.

Сакале да го искористат сончевото и топло време и да се релаксираат на охридското крајбрежје, на плажа кај Љубаништа. Но, кога стигнале затекнале плажа преполна со расфрлан отпад.

  • Вашиот град и природата која го опкружува навистина е прекрасна. Не можеме да сфатиме како можат луѓето да ја уништуваат таа убавина фрлајќи отпад каде ќе стигнат. Затекнавме бројни пластични шишиња, остатоци од храна, дури и детски пелени. Два часа ја чистевме плажата, наполнавме пет вреќи, ги зедовме со нас и потоа на пат кон дома ги фрливме во контејнер. Остана уште отпад на плажата, но повеќе немавме место во автомобилот за да ставиме уште некоја вреќе -  велат тие.

Тие сметаат дека проблемот со расфрланиот отпад насекаде, може ефикасно да биде решен по примерот на земјите во Европа- со чести контроли од страна на инспектори облечени во цивилна облека кои ќе патролираат по плажите и казнуваат, како и со поголема едукација во училиштата со цел подигнување на свеста уште од најмала возраст. а жал, и покрај бројните апели на екологистите и написи во медиумите, досега ниту е подигната еколошката свест на поединци, ниту пак се преземаат конкретни мерки за трајно решавање на овој проблем, од кој туристите секогаш се непријатно изненадени.


BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија