mksqen

Се доградува атмосферската канализација во Дебар

Се доградува атмосферската канализација во Дебар

Типографија

Во Дебар почна реализацијата на проектот за доизградба на атмосферската канализација. Почетокот беше означен од министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и со градоначалникот на Дебар, Ружди Љата.

  • Овој проект го кофинансираат Министертвото за животна средина и просторно планирање и општината Дебар, во вкупен износ од четири милиони денари. Од нив 2,5 милиони денари се на Министертвото, а останатите на општината Дебар - рече Амети.

Градоначалникот Љата информира дека станува збор за изградба на атмосферска канализација од градската пошта до поранешната пекара „Клас“ и се до патот кој ја поврзува населбата Ќернаница со регионалниот пат Дебар-Струга.

  • Со претходно изградената атмосферска канализација на главната улица, еднаш засекогаш ќе го надминеме проблемот присутен со денецении - рече  Љата.

Тој потсети дека на главната улица изградена е атмосферска канализација во должина од 800 метри, проект вреден 80.000 евра, средства добиени од Министертвото за животна средина и просторно планирање.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија