mksqen

Мора најскоро да го исфрлиме јагленот од енергетиката

Мора најскоро да го исфрлиме јагленот од енергетиката

Типографија

Во Македонија годишно се губат околу 640 човечки животи поради преголемото загадување  на воздухот предизвикано од најразлични причини.

Најсилен фактор е е енергетскиот сектор и треба да се напушти производството од јаглен, покажува документот „Нискојаглероден карбонски калкулатор 2050 година“, во кој 17 граѓански организации од Југоисточна Европа подготвија алтернатива на енергетските иднини во државите во ЈИЕ.

Според препораките од четиригодишните истражувања во кои е вклучена македонската „Аналитика тинк тенк“ организација претставени на конференцијата „Иднината на енергетиката - каде Македонија и ЕУ се среќаваат“, националните влади треба да ги откажат сите предвидени нови јагленови/лигнитни електрани. Треба да ги префрлат напорите и инвестиците кон енергетска ефикасност и насочена, одржливо планирана обновлива енергија. Се нагласува да се дејствува веднаш за да се отстранат загадувањата од постоечките термоцентрали кои се исклучително штетни по здравјето и влијанието врз животната средина.

  • До 2050 година може да имаме намалување на емисиите за 76 проценти. Колку повеќе одложуваме да го средиме проблемот со загадувањето и чистата  енергија толку е полошо за самите нас и  толку повеќе ќе има човечки жртви годишно - вели Соња Ристовска, истражувачки и менаџмент координатор на „Аналитика тинк тенк“.

Македонија и  сите држави од ЈИЕ, посочи, треба уште сега сериозно да се  зафатат со работа и со алтернативни планови како потписници на Договорот од Париз за намалување на емисиите на шетни гасови.

  • Во Македонија е возможна алтернатива на јагленот, освен она што  го прави државата за гасификација и друго сметам дека моментно  не е вложен доволно труд во развој на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Ако се спореди парично, ако инвестираме во јаглен и ако инвестираме во користење обновливи извори на енергија како сонце, ветер, енергетска ефикасност, велосипедизам, електронски возила тогаш сумата е скоро иста, некаде околу четири милијарди евра од 2010 до 2050 година - наведе Ристовска, посочувајќи дека во Макеоднија треба да се искористи и сончевиот потенцијал поради многуте сончеви денови.

Од она што го имаме како потенцијал, укажа Ристовска, сметаме дека околу 60 проценти од производството на струја до 2050 година може да биде токму од сонце, 10 проценти од ветер, 26 проценти хидро. Моментно 60 проценти отпаѓа на јагленот, а останатото е хидро и сонце.

Според Драган Малиновски, претставник на Делегацијата на ЕУ во државава, за долгорочно и сигурно снабдување со електрична енергија на Македонија и се потребни реформи со оглед на, како што рече предизвиците со лимитираните резереви на лигнит, старата инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија, неподготвеноста на системите да се соочат со  барањата на слободниот енергетски пазар и конкуренцијата.

Во наредниот период,  смета Малиновски, треба да донесат важни одлуки  за либерализиација на пазарот на електрична енергија, вклучување на државата во регионалните иницијативи, имплементацијата на третиот енергетски пакет и инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија