mksqen

За 30 отсто зголемена испораката на огревно дрво во Делчево

За 30 отсто зголемена испораката на огревно дрво во Делчево

Типографија

Побарувачката за огревно дрво во Источна Македонија расте. За потребите на граѓаните на Делчево и на Македонска Каменица, подружницата „Голак“ на ЈП Македонски шуми досега дистрибуирала над седум илјади кубни метри огревно дрво.

До почетокот на грејната сезона,  до 15 октомври, ќе се дистрибуираат уште 650 кубни метри дрва.

Ова денеска го изјави директорот на „Голак“ Јордан Димитровски, потенцирајќи дека годинава вкупната испорака на огревно дрво во овој регион е за 30 проценти поголема од лани.

  • Годинава навреме се дистрибуирани сите порачани количества, согласно склучените договори со физичките лица. Остануваат уште 650 метри кубни кои се подготвени за транспорт. Бидејќи временските услови се поволни,очекуваме да завршиме со испораката до почетокот на грејната сезона - рече Димитровски.

Тој додаде дека паралелно со овие активности се врши и маркирање во приватните шуми.

Инаку, делчевската подружница се подготвува за акцијата за пошумување која се најавува за ноември оваа година.

  • Според планот, очекуваме да засадиме околу 30 илјади садници на површина од 10 хектари. Станува збор за багрем , бор, јавор и чемпрес. Од нашиот расадник,„Дервишица“ каде годинава имаме произведено околу 300 илјади садници, за денот на дрвото ќе опслужуваме и други подружници, за да се задоволат потребите за пошумување голини - рече Димитровски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија