mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Целосна обнова на водоводната мрежа во Ресен

Целосна обнова на водоводната мрежа во Ресен

Типографија

Околу 200.000 американски долари се обезбедени за реконструкција на водоводната мрежа во Ресен преку Проектот за заштита на Преспанското езеро, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Овие средства ќе помогнат целосно да се комплетира реконструкцијата на водоводната мрежа финансирана со средства од Европската банка за инвестиции во вредност од 600.000 евра.

  • Овој проект, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), е од исклучителна важност за жителите и за општината, бидејќи повеќе нема да се соочуваат со чести дефекти на мрежата и прекин на водоснабдувањето - изјави постојаниот претставник на УНДП во земјата, Лујза Винтон.

Таа додаде дека старите азбестни цевки ќе бидат заменети со нови, направени од материјал кој ги исполнува современите стандарди за здравствена заштита.

Ваква темелна и целосна обнова на водоводната мрежа не е направена уште од 70-тите години на минатиот век.

  • Со замена на водоводните цевки со вкупна должина од пет километри, загубите на вода ќе бидат сведени на минимум и ќе се зголемат приходите на јавното водостопанско претпријатие „Пролетер“. Со тоа ќе се подобрат комуналните услуги за жителите на Ресен, а претпријатието ќе може подобро да се справува со отпадот и со отпадните води - рече градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

Како што велат од УНДП, интервенцијата целосно се вклопува во филозофијата на интегриран менаџмент на сливовите на водите кој веќе се спроведува во пракса во регионот на Преспа благодарение на децениските заложби на сите партнери во постигнувањето на целите за одржлив развој на овој регион. Тие додаваат дека резултатите од напорите за реставрација на екосистемот се воочливи и тоа го прави проектот за Преспа еден од ретко успешните, не само во земјата, туку и во поширокиот регион. Покрај социјалната, економската и еколошката димензија на ова аинвестиција, оптимизираната употреба на вода ќе придонесе и за поголема отпорност на општината од климатските помени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија