mksqen

Кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени

Кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени

Типографија

Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството почна кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени во Република Македонија.

Кампањата се реализира во рамки на проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“ и е финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, а предвидува организација на карван кој покрај информативна, ќе има и советодавна улога.

  • Негативните влијанија на климатските промени претставуваат најголема закана за земјоделското производство и затоа важно е да се подигне знаењето и свеста кај земјоделците за ризиците и проблемите кои ги очекуваат, но и можностите за нивно надминување преку превземање на конкретни мерки и активности. Република Македонија се наоѓа во исклучително ранлив регион и последиците од климатските промени врз производството на храна се чувствуваат секојдневно. Со цел прилагодување на начините на производство, како обезбедување на оптимални приноси од страна на домашните земјоделци, во рамките на проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“ изработени се препораки за адаптација на домашното земјоделството кон климатските промени - истакнаа организаторите на денешниот промотивен настан во Битола.

Карванот ја почна својата мисија од Битола, а промотивните настани ќе продложат во Крива Паланка, Куманово, Штип, Струмица, Скопје, Прилеп, Кавадарци и Тетово.

  • Со цел правилно информирање на јавноста, а пред се земјоделската заедница, во рамките на кампањата предвидена е дисеминација на информативни материјални, но и практични совети за земјоделците.  Во градовите каде ќе се спроведува кампањата, промотивните активности ќе бидат реализирани  во соработка со претставници на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, како важни чинители во процесот на размена на информации помеѓу стручната и научната јавност и земјоделците. Во дисеменацијата на материјалите ќе бидат вклучени и локални невладини организации и земјоделски здруженија, како и волонтери и активисти на ЦЕД „Флорозон“ - беше истакнато пред почетокот на кампањата која тргна од Битола.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија