mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Светска Банка бара водата во Србија да поскапи на 1,35 евра за кубик

Светска Банка бара водата во Србија да поскапи на 1,35 евра за кубик

Типографија

Годишните инвестиции потребни за пренос и снабдување на населението со вода за пиење не се возможни со сегашните цени на водата, сметаат претставници на Светска Банка.

Тие оваа процена им ја пренеле на српските власти на состанок на Стопанско-индустриската комора на Србија, кој бил организиран во соработка со Министерството за земјоделство и заштита на околината, како и со Републичкиот директорат за вода. Од банката истакнале дека цените на водата не може да бидат дел од социјалната политика на земјата.

  • Мора да инвестирате меѓу 200 и 300 милиони евра ако сакате да ги исполните барањата на Европската унија - рекол Дејвид Мишо, експерт за вода и јавна хигиена од Светска Банка.

Учесниците на настанот потенцирале дека Србија до крајот на годинава планира да усвои стратегија за управување со водите до 2034 година. Со документот се предвидува да се инвестираат 8,5 милијарди евра во водоснабдувањето, со економска цена на водата од 1,35 евра за кубен метар. Сегашната цена во некои општини е 0,41 евро.

Како што истакнал Мишо, годишно Србија вложува по 100 до 150 милиони во водоснабдувањето, на централно и на локално ниво. Тој додал дека Србија не е најсиромашна држава во регионот, но има едни од најниските цени на водата. Според него, многу повеќе треба да се вложува бидејќи според препораките на ЕУ и на ОЕЦД за водоснабдувањето се одвојуваат од 0,5 до 1 отсто од годишниот БДП, додека во Србија таа стапка изнесува од 0,2 до 0,3 отсто.

  • За пет до шест години треба да се достигне цена на водата од 1,35 евра за кубен метар, откако ќе се усвои стратегијата. Зголемувањето ќе биде постепено и нема да биде исто насекаде, туку тоа ќе биде просекот - рекла Слаѓана Милојковиќ од Институтот за развој на водни ресурси „Јарослав Чарни“.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан