mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Бугарска општина се откажа од планот да исече 100 дрвја

Бугарска општина се откажа од планот да исече 100 дрвја

Типографија

Бугарската општина Силистра најави дека ќе промени еден свој спорен проект за уредување на јавниот простор, со кој требаше да се исечат околу 100 чинари.

Одлуката доаѓа по силните негативни реакции во цела Бугарија, а кон критиките на проектот се приклучил и премиерот Бојко Борисов. Граѓаните на Силистра се бореле против проектот уште од февруари.

  • Општината Силистра реши да го преработи проектот за реконструкција на централната улица Симеон Велики, со цел да сезачуваат дрвјата покрај неа - соопшти општината.

Градоначалникот Јулијан Најденов заедно со граѓаните од неформалната група „Силистра дише“ и другите невладини организации што се бореа против проектот, ќе бара решение како да се смени проектот за да се зачуваат дрвјата.

  • По серија средби со граѓани, советници во општинскиот совет, со Министерството за регионален развој, со управувачкиот орган на оперативната програма „Региони во развој“, беа земени во предвид мислењата и предлозите на граѓаните, како и на архитекти, инженери и архитекти за јавен простор - стои во објаснувањето на општината зошто решила да го измени проектот.

Силистра е пристаништен град на реката Дунав, на романско-бугарската граница, во североисточниот дел на земјата, со околу 27 илјади жители.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан