mksqen

Белград го решава проблемот со бучавата во повеќе делови

Белград го решава проблемот со бучавата во повеќе делови

Типографија

Градските власти на Белград донесоа одлука за работно време на угостителските објекти за да се реши проблемот со бучавата во централните улици Зетска, Скадарска и Цетинска.

Градскиот менаџер Горан Весиќ рекол дека ограничувањата се однесуваат на објектите што се на 150 метри воздушна линија од стамбените згради на овие улици. Тие ќе може да работат од 6 до 24 часот, освен во петок и во сабота кога може да останат отворени до 1 часот по полноќ. Но музика ќе смеат да емитуваат само до 23 часот во работните денови, а до полноќ во петок и во сабота, што значи дека во последниот час од работното време ќе мора да бидат тивки.

  • Ова е привремено решение за тие три улици, а во Скадарлија ќе може да се емитува акустична музика како и досега - додал Весиќ.

Тој истакнал дека градската власт бара трајно решение за овој проблем во измени и дополнувања на законот за бучава и за води. Според градскиот менаџер, главниот проблем се клубовите што се сместени во поранешната пиварница, која е приватизирана, а сопственикот ги издал на лица „што го нарушуваат комуналниот ред“. Тој додал дека проблем со бучавата постои и во други делови на Белград и сето тоа ќе мора да се регулира, вклучувајќи ја бучавата и од сплавовите на реката Сава.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан