mksqen

Построги контроли за органското производство во Албанија

Построги контроли за органското производство во Албанија

Типографија

Земјоделските компании што ќе сакаат да произведуваат органски производи ќе бидат ставени под државна контрола, според новиот закон што албанската влада го доставила до парламентот.

Со него ќе се регулира како треба да биде произведен еден производ за да може да се нарече органски, односно да добие сертификат.

  • Со законот ќе се регулира што смее да се нарекува органско и како тоа се произведува. Семето не смее да биде ГМО и препаратите не смеат да бидат хемиски, туку се` треба да е природно до пакувањето - рекол албанскиот министер за земјоделство Едмонд Панарити.

Законот се носи како дел од обврските за интеграција во Европската унија. Според Панарити, тој ќе служи како патоказ кон органското производство.

  • За да се учествува на пазарот, дома или надвор, треба да се има ригорозно сертифицирање на биолошкиот процес на производство. Но предноста е што тие производи може да се продадат четири до пет пати поскапо од конвенционалните. Не само што пазарот за овие производи е обезбеден, туку немаме ниту доволно капацитет за да ја задоволиме побарувачката - додал Панарити.

Тој истакнал дека Владата ќе воведе субвенции и други мерки за да ги поттикне фармерите да се свртат кон органско производство. Во Албанија има околу 200 самопрогласени органски фарми, а само 30 од нив се сертифицирани.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан