mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Албанија бара пари за да ги згрижи заробените мечки

Албанија бара пари за да ги згрижи заробените мечки

Типографија

Албанија се обидува да пресели најмалку 50 мечки што се чуваат во кафези низ земјата, во нов центар во близина на Тирана. Овој потег доаѓа по силните меѓународни реакции за неподносливите услови во кои се чуваат овие животни на приватни имоти, најчесто во рсторани, за да ги забавуваат луѓето.

Симболот на оваа борба стана мечката Томи, чувана на 40 километри од Тирана, која британскиот весник Дејли Мејл ја нарече „најтажната мечка на светот“.

Откако беше објавена приказната, албанската амбасада во Лондон била бомбардирана со жалби, била отворена петиција, а веста се ширела на различни интернет-страници за заштита на животните. Овој случај ги засили напорите на властите да најдат соодветно живеалиште за заробените мечки.

Ана Кекези од албанското Министерство за животна средина изјавила за новинарската истражувачка мрежа БИРН дека процесот на испраќање на мечките во засолништа почнал во 2014 година и тие главно се транспортирале во други земји, како Грција, Германија, а од годинава пет мечки ќе се испратат и во Косово, во засолниште што го отворила меѓународната организација „Четири шепи“.

Токму таа фондација треба да изгради специјализиран центар за мечки на планината Дајти во близина на Тирана. Проектот, според Кекези, е направен, и сега се собираат пари за неговата изградба да почне во 2017 година.

  • Со центарот ќе се создадат услови за да се стави крај на суровоста кон овие животни - вели Кекези.

Според неа, бидејќи животните долго време се чуваат во изолација, тие ја загубиле способноста да преживеат во дивината, и затоа најдоброто решение е да се сместат во специјализиран центар.

Минатиот вторник инспектори за животна средина одземаа две млади мечки од ресторан во градот Саранда и привремено ги сместија во зоолошката градина во Тирана.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан