mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Спасени две мечиња во Саранда, Албанија

Спасени две мечиња во Саранда, Албанија

Типографија

Две мечиња што се држеле во заробеништво во албанскиот град Саранда се одземени од Државниот инспекторат за животна средина, соопштија албанските власти.

Младите кафени мечки се на возраст од околу пет месеци и се чувале во бедни услови за да привлекуваат посетители во ресторан. Животните ќе бидат пренесени во Зоолошката градина во Тирана.

Властите соопштиле дека лицето што ги чувало мечките е уапсено, и дека инспекторите ќе продолжат да се борат против оваа честа појава во Албанија, каде што диви животни се чуваат во ресторани и на приватни имоти во супстандардни услови.

  • На почетокот мечките ќе бидат во карантин заради контрола и вакцинација, а за нив ќе се грижат ветеринари и специјалисти - рекол Бленди Гонџе од Државниот инспекторат.

Во соработка со меѓународната фондација „Четири шепи“, во Албанија ќе се отвори и првиот центар за згрижување на спасените мечки. Досега животните се носеа во Грција и во Италија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан