mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пеликан во Преспа пуштен по еден месец лекување

Пеликан во Преспа пуштен по еден месец лекување

Типографија

Далматински пеликан што бил најден целосно исцрпен пред еден месец во Преспанскиот регион, е повторно пуштен на слобода во Преспанско Езеро откако целосно се опоравил, соопшти грчкото Друштво за заштита на Преспа.

На пеликанот по наоѓањето му била дадена прва помош, а потоа активисти се грижеле за него.

  • По еден месец нега, далматинскиот пеликан се врати во Големото Преспанско Езеро. Голема благодарност до организацијата „Акција за дивиот свет“, која многу добро се грижеше за него - рекоа од Друштвото за заштита на Преспа.

Преспанскиот регион е едно од најзначајните места за гнездењето на пеликаните. Тие најчесто се гнездат во грчкиот дел, а во другите делови, во Македонија и во Албанија, доаѓаат за да се хранат.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан