mksqen
15
Саб, Јун
0 Нови / 7 дена

Еколози удрени со возило додека броеле прегазени животни на пат

Еколози удрени со возило додека броеле прегазени животни на пат

Типографија

Познатиот бугарски алпинист Бојан Петров и екологот од Здружението за дива природа „Балкани“ Андреј Ковачев настрадале во сообраќајна несреќа во близина на Кресна, пренесоа бугарските медиуми.

Според првичните информации од полицијата, тие не се во животна опасност.

Петров и Ковачев работеле на еколошки проект, ги броеле прегазените животни на патот Е79 во Западна Бугарија, каде што треба да поминува магистралата „Струма“. Додека ја вршеле својата работа, биле удрени од автомобил „Ауди“ со италијански регистарски таблички, управуван од 27-годишна државјанка на Романија. Околностите на сообраќајната несреќа се` уште се неразјаснети, а не е позната ниту тежината на повредите на Петров и на Ковачев.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан

This module can not work without the AcyMailing Component