mksqen

Албанската војска го чистеше крајбрежјето на земјата

Албанската војска го чистеше крајбрежјето на земјата

Типографија

Вооружените сили на Албанија ангажираа околу 210 свои возила за да го транспортираат отпадот што армискиот персонал го собра покрај морскиот брег на земјата.

Станува збор за вкупно 500 кубни метри, односно 160 тони цврст отпад собран покрај патиштата што се блиску до морето.

Во изминативе денови вооружените сили собирале отпад на бреговите на Јадранско и на Јонско Море, на потег долг 220 километри. Заменик-министерот за одбрана Петро Кочи ги посетил војниците и им се заблагодари за нивната работа и посветеност во нивната служба за заедницата. Кочи посочил дека акцијата „Бели маици“ имала за цел и да ја подигне културата, да покаже дека сите заедно треба да ја чуваат и да ја почитуваат животната средина.

  • Ова е многу важна акција за да имаме успешен туризам, чиста Албанија и атрактивен кеј - посочил Кочи.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан