mksqen

Ретка појава на диви фламинга во делтата на Дунав во Романија

Ретка појава на диви фламинга во делтата на Дунав во Романија

Типографија

Здружението на романски орнитолози соопшти денеска дека во делтата на Дунав се забележани четири диви фламинга, кои се појавиле на тоа место првпат по 30 години.

Орнитолозите соопштија денеска дека долгоногите розови птици биле забележани на 20 август во езерото близу до Ваду, мало гратче на Црното Море, јужно од делтата на Дунав.

Претставник на здружението, Овидиу Буфнила, изјави дека последен пат двојка фламинга биле забележано во 1985 година. Тој истакна дека четирите птици со розови перја нема да останат во Романија, туку ќе мигрираат кон потоплите краеви во Африка и Азија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан