mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Адонис, најстариот Европеец, има 1.075 години

Адонис, најстариот Европеец, има 1.075 години

Типографија

Дрво од видот босански бор што расте на планинскиот венец Пиндос во Грција (близу границата со Албанија), е најстариот пронајден жив организам во Европа, откако дендрохронолошки било утврдено дека има најмалку 1.075 години.

Овој бор бил откриен од научници од еколошката опсерваторија Наварино, која е заеднички проект на Универзитетот во Стокхолм, Академијата на Атина и компанијата Темес. Опсерваторијата ги проучува климатските промени и нивното влијание врз животната средина и врз луѓето во Медитеранските региони.

  • Неверојатно е што го најдовме овој голем, сложен и импресивен организам како преживеал во негостопримлив регион за природата, бидејќи тука имало цивилизација повеќе од 3.000 години - вели шведскиот дендрохронолог Пол Крушиќ, кој ја предводел експедицијата што го нашла дрвото.

Тоа е само едно од десетина многувековни дрвја што биле пронајдени високо на планината Пиндос. Една од целите на опсерваторијата е да пронаоѓа стари живи дрвја, за да може да ја проучува историјата на влијанијата од климатските промени.

  • За да ја утврдиме староста, моравме да извадиме едно парче од надворешноста до срцевината. Парчето беше долго еден метар и имаше 1.075 прстени - додава Крушиќ.

Научниците се надеваат дека разликите во годишните прстени на дрвја како ова, но и на оние што паднале а се зачувани на земјата, може да им обезбеди податоци за климатските и еколошките услови со илјадници години наназад. Тие го именувале ова дрво Адонис, според грчкиот бог на убавината.

  • Воодушевен сум што во смисла на западната цивилизација, цела историја се одвивала околу ова дрво, сите империи, Византиската, Отоманската, сите луѓе што живееле во регионот. Толку многу работи можеле да доведат до неговата пропаст. За среќа, оваа шума во основа била негибната цели илјада години - вели Крушиќ.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан