mksqen

Природен резерват загрозен поради исклучена струја

Природен резерват загрозен поради исклучена струја

Типографија

Струјата на рибното стопанство „Ечка“ во Северна Србија е исклучена поради повеќемилионски долг, со што се доведува во ризик и природниот резерват „Стари Бегеј - Царска Бара“, кој е ставен под заштита од прва категорија.

Поради исклучувањето, не работат електричните пумпи што го регулираат водостојот, и нивото на водата опаднало.

Ова рибно стопанство било во тешка финансиска состојба со години. Иако резерватот е ставен под највисока заштита, од порано му е доверен на стопанството за да се грижи за него. Градот Зрењанин, во чија непосредна близина е резерватот, со години предупредувал дека со него се управува многу лошо и барал од државата да ја преземе грижата, дури и формирал јавно претпријатие „Резервати на природата на Зрењанин“. Градската управа смета дека ако и` се довери резерватот, ќе обезбеди подобро чување, одржливо користење, унапредување и претставување на природните и на другите вредности на подрачјето.

  • Ние сме подготвени и кадровски и технички да ја преземеме таа обврска. Постои и одлука на општинското собрание да се иницира тоа, но досега не успеавме најмногу поради недоразбирања со покраинските институции. Сепак се надеваме дека ќе успееме во нашата намера - изјавил Дејан Јованов, директор на претпријатието „Резервати на природата Зрењанин“.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан