mksqen

Природен рај што наскоро ќе го снема: утоката на Неретва

Природен рај што наскоро ќе го снема: утоката на Неретва

Типографија

Каде што реката Неретва се допира со Јадранско море се создава идеален климатски спој што придонел за богатиот биодиверзитет.

Но се чини дека деновите на ова природно совршенство му се одбројани, поради планираната изградба на хидроцентрали во системот Горни Хоризонти во Босна и Херцеговина, кои ќе ја зафаќаат водата од притоките на Неретва, предупредуваат од Светскиот фонд за природа (WWF).

Зоран Матељак, експерт од Светскиот фонд, вели дека притисокот врз природата е веќе огромен од постојните брани изградени на реките Неретва и Требишница. Регионот на утоката поради нив не добива доволно свежа вода, па солената од морето навлегува во Неретва.

  • Речиси сите постојни хидроцентрали се изградени во 1960-тите и во 1970-тите години, кога немало многу знаење за негативното влијание на браните врз животната средина. Ние имаме проект за одржливи хидроцентрали во Динарскиот лак, со цел да се заштитат мочуришните подрачја во делтата на Неретва - вели Матељак.

Постои голема загриженост дека се` посилниот продор на морската вода во делтата, како и во меандрираните канали, ќе го измени биодиверзитетот, и ќе има штетно влијание и за земјоделските површини, и за ретките животински видови, како на пример птиците и рибите што живеат во подрачјето.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан