mksqen

Родопите се населуваат со елени

Родопите се населуваат со елени

Типографија

Седум благородни елени беа пуштени во дивината на планините Родопи во Бугарија, соопшти организацијата „Подиви Родопи“.

Животните биле пуштени во регионот на Тинтјава на оваа планина, откако претходно поминале краток период на адаптација. Тие биле пренесени до местото пред еден месец од ловното стопанство Паламара. Со нив, вкупниот број благородни елени пуштени низ Родопите оваа година се искачи на 21.

Целта на овој проект е во следните пет години на планината да има одржлива популација од најмалку 100 благородни елени што ќе живеат слободно. На едно од пуштените животни е поставен џи-пи-ес предавател, кој ќе им дозволи на истражувачите да го следат движењето на популацијата. Вакви предаватели претходно им биле ставени на три други елени.

Благородниот елен е еден од најголемите видови елени. Популацијата во Бугарија е ограничена само во ловните стопанства и во националните паркови. Основната пречка за неговото поголемо распространување низ природата е криволовот. Поради тоа и целосно исчезнал од Родопите во минатото.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан