mksqen
05
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Поставена заштита од поплави на делови од Сава

Поставена заштита од поплави на делови од Сава

Типографија

На делови од реката Сава е поставена заштита од поплави поради зголемувањето на водостојот, соопштило јавното водостопанско претпријатие „Води на Војводина“.

Водостојот на Сава утрово достигнал 412 сантиметри кај Шабац и 574 сантиметри кај Сремска Митровица и поради тоа кај три населени места е воведена редовната заштита од поплави.

Од претпријатието соопштиле дека со овој водостој не очекуваат дека ќе настанат поголеми проблеми во подрачјето, но согласно општиот и оперативен план за заштита од поплави, веќе вовеле дежурства на овие делници. Редовната заштита кај Шабац се вовдува кога водата ќе надмине 400 сантиметри, а кај Сремска Митровица кога водостојот ќе биде повисок од 650 сантиметри.

Српскиот хидрометеоролошки завод прогнозира дека водостојот на Сава ќе се зголемува и во наредните денови.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан