mksqen

Хрватските парламентарци расправале за влијанието на кравите врз загадувањето

Хрватските парламентарци расправале за влијанието на кравите врз загадувањето

Типографија

Хрватските парламентарци на дебатата во Собранието во врска со спроведувањето на Регулативата на ЕУ за „флуорирани гасови на стаклена градина“ расправале за влијанието на кравите на загадувањето.

Пратеникот Иван Пернар предупредил дека кравите емитуваат поголема количина на загадувачки гасови од оние произведени со согорување на фосилни горива. Но Миро Буш на тоа додал дека Хрватска го нема тој проблем затоа што добитокот речиси е целосно уништен.

Кравите испуштаат метан во текот на преживањето што предизвикува загревање на атмосферата, а поради одгледувањето на стоката се сечат дрвја што исто така придонесува за климатските промени. Поради тоа Пернар ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на месо и со тоа да и помогнат на природата и на себе.

Пратеницте сметаат дека Хрватска нема проблем со стакленичките гасови од сточарството затоа што тоа е практично уништено.

  • Регулативата на ЕУ за „флуорирани гасови на стаклена градина“ содржи мерки за нивно намалување до 2030 година за две третини од сегашните износи - вели државниот секретар во Министерството за животна средина и енергија, Анте Цикотиќ.

Тој додаде дека „флуорирани гасови“ најмногу се користат во апаратите за ладење, противпожарни апарати и електронската индустрија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан