mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пластичниот отпад од Љубљана ќе се пали во Виена

Пластичниот отпад од Љубљана ќе се пали во Виена

Типографија

Пластичниот отпад од Љубљана и околината ќе се пренесува во Виена и на непрофитна основа ќе се пали во една од трите виенски печки, како дел од соработката меѓу збратимените градови.

Според договорот меѓу Љубљана и Виена, словенечкиот отпад во Австрија би се палел на напрофитна основа по цена од 54 евра за тон, а цената ќе се покрие на тој начин што ќе се искористи енергијата која би се добила од палењето на отпадот. На тој начин Љубљана ќе треба да го плати само превозот на пластичниот отпад.

Љубљана има проблем со пластичниот отпад бидејќи се покажало дека никој во градот не сака да прави печка која е планирана веќе подолго време, а најблиската е во Цељ. Според властите на Љубљана бидејќи таа во Цељ работи на профитна основа таквиот начин на решавање на комуналниот проблем би бил прескап.

Аранжманот кој треба да го одобри Министерството за животна средина се однесува на осум илјади тони пластичен отпад годишно.

Невладината организација „Еколози без граници“ се против ваквата одлука бидејќи Љубљана е вклучена во меѓународниот проект „Нулта отпад“кој има за цел собирање на отпадот и негово повторно искористување или рециклирање.

Од словенечкиот огранок на меѓународното здружение наведуваат дека Љубљана во случај на транспортирање на отпадот на палење во Австрија може да го изгуби тој статус.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан