mksqen

И Атина под снег, цела Европа завеана

И Атина под снег, цела Европа завеана

Типографија

Во поголемиот дел од Грција се регистрирани многу ниски температури и обилни врнежи од снег, кои се очекува деновиве да преминат во дожд поради временски влијанија кои доаѓаат од запад.

Во Атина некои автобуски линии не работат поради снег и лапавица на улиците, а некои патишта во северните делови на градот ќе останат затворени.

Училиштата и градинките во грчкиот главен град поради мразот ќе бидат затворени, соопштија локалните власти. Тие, исто така ги повикаа Атињаните да го ограничат свoето движење за да се избегнат несреќи и заглавувања во снегот.

  • Општината е подготвена да ги заштити бездомниците, а наши екипи фрлаат сол по улиците за да се обезбеди пристап до болниците - се додава во соопштението.

Исто така и Босна и Хецеговина и Хрватска и понатаму се под снег, мраз и ниски температури.

Училишниот распуст во Федерацијата Босна и Херцеговина продолжен е до 16 јануари, а издадени се и препораки за скратување на работното време каде што е можно.

Во Босна и Херцеговина најстудено било во Прача, каде се измерени дури минус 30 степени.

Реката Сава во БиХ е замрзаната, како и Јабланичко Езеро, додека во Мостар, еден од најтоплите градови, забележана е температура од минус 11 степени.

Според прогнозите на метеоролозите, поларниот студ ќе се задржи до четврток, 12 јануари. Повисоки температури се најавуваат во периодот од 12 до 25 јануари.

Тие денови се очекува подобрување на временските услови во Хрватска, но температурите и понатаму ќе бидат ниски и под просекот за оваа време на годината.

Силната бура и екстремниот студ го замрзна сливот на Неретва во Јадранско Море.

Во Полска од хипотермија починати се шест лица, со што бројот на жртви од студ од ноември се искачи на 71.

Полската полиција апелира населението да им помогне на најзагрозените, посебно на бездомниците, бидејќи температурата се спушти на минус 20 степени Целзиусови.

Ширум Полска објавен е аларм на смог, а на децата и на повозрасните лица им се препорачува да останат дома. Поради греење на јаглен, загадувањето на воздухот е на највисоко ниво во последните неколку години.

За време на викендот во Европа од студ починаа најмалку 40 лица.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан