mksqen

Албанија привремено го стопира увозот на птици од Европа

Албанија привремено го стопира увозот на птици од Европа

Типографија

Албанија привремено го стопира увозот на птици од земјите-членки на Европска унија, во кои се регистирани случаи на птичји грип (H5N8).

Министерството за земјоделство нареди да запре секаков увоз на птици од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија, како и од Швајцарија, Министерството исто така им нареди на одгледувачите на птици да ја држат живината затворена и да ги набљудуваат поради евентуална зараза.

  • И покрај тоа што вирусот не е регистриран во некои од соседните држави, истиот може да биде донесен во Албанија од птиците-преселници - се посочува во соопштението од Министерството за земјоделство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан