mksqen
05
Нед, Окт
0 Нови / 7 дена

Ќе се заштитува националниот парк Пирин

Ќе се заштитува националниот парк Пирин

Типографија

Светската организација за заштита на природата (ВВФ) покрена иницијатива за зачувување на Националниот парк „Пирин", се вели во соопштение на Организацијата.

  • Повод за тој потег е новиот план за управување со паркот, што предвидува нови градби и сеча на дрвја на 60 отсто од територијата. Ваков каков што е предложен, документот не соодветствува со целта на создавањето на самиот национален парк - заштита на природата - посочува Организацијата во соопштението.

Како што јави БТА, ВВФ оценува дека предложениот план за уредување на „Пирин“ предвидува изградба на две нови ски патеки и проширување на постојната.

  • Доколку биде реализиран овој план, тоа би значело прекршување на нормите на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои Бугарија се обврза да ги почитува - вели Веселина Кавркова, претставничка на ВВФ за Бугарија.  

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан