mksqen

Бугарскиот град Козлодуј ќе гради центар за компостирање

Бугарскиот град Козлодуј ќе гради центар за компостирање

Типографија

Инсталација за компостирање зелен отпад ќе се гради во градот Козлодуј во Северна Бугарија, познат по нуклеарната централа што се наоѓа во него.

Општината се вклучила во новата програма за животна средина на бугарската Влада со иницијатива да изгради таков центар, заедно со општините од Регионалното здружение за управување со отпадот  - Орјахово.

Владината програма е со буџет од околу 84 милиони евра. За проектот во Козлодуј, за кој треба да се обнови старо напуштено депо, се потребни нешто помалку од еден милион евра. Со него треба да се добие површина од 41 декар.

Претходно во рамките на програмата за животна средина во Козлодуј биле изградени 10 километри канализациска и 9 километри водоводна мрежа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан